Дали некогаш сте чуле за правилото 2-2-2? Доколку одговорот е “не”, тогаш продолжете да читате бидејќи токму ова може да ја подобри вашата врска.
Не е едноставно постојано да се одржува возбудлива, интересна и спонтана врска. Стресот на работното место, секојдневните предизвици, уморот, нервозата – сето ова полека ѝ “се прикрадува” на љубовната врска и ја нагризува, тврдат експертите.
Меѓутоа, тоа можете да го спречите користејќи ја оваа едноставна стратегија:
1. Секоја втора недела одвојте време еден за друг и прославете го тоа на одговарачки начин. Без разлика дали се работи за романтична вечера, брз оброк во локалниот бар или пак заедничко готвење – вечерата за двајца е одлична идеја. Со тоа ќе го задоволите вашиот апетит, но што е најважно – тоа ќе го правите заедно. Освен тоа, ваквото дружење ви отвора доволно можности за разговор и интимност.
2. На секои два месеци на програмата треба да има поголем “тајм аут”. Тоа значи дека треба да заминете на излет во некој друг град, на романтичен викенд во село или да посетите бања – важно е да сте сами, да се дружите, да се потсетите на сите убавини од врската и да го споделите тоа помеѓу себе.
3. На секои две години треба да го сместите заедничкиот повеќедневен одмор во вашиот календар на заеднички активности и да го спроведете во дело. И повторно е важно да не патувате со група, пријатели или семејство, туку само вие двајца.