Масовните венчавки стануваат вообичаена практика, а целта на паровите е трошоците за овие церемонии да бидат што пониски, пишува Би-Би-Си.
На една таква масовна венчавка, жените биле сместени во посебно крило на објектот и се појавиле дури после ручекот. Церемонијата се одржала во Кабул во организација на добротворно здружение, кое на младенците им обезбеди различни подароци во вид на теписи и апарати за домаќинство за да им помогне да го започнат заедничкиот живот.
На церемонијата се читал Куранот, додека танцувањето и музиката биле забранети под власта на Талибанците откако режимот се врати во август 2021 година.
Паровите потоа биле возени во возила украсени со зелени лакови и црвени пластични рози наредени во форма на срца.
18-годишниот младоженец Рухула Резаи изјави за АФП дека не може сам да ја плати свадбата.
„Традиционалната свадба чини од 2.800 до 3.600 долари, но овој пат таа сума ќе биде поделена меѓу 10.000 и 15.000 Авганистанци. Поканивме 35 луѓе од нашите две семејства, а во спротивно ќе имавме 300 или 400“, рече тој.
Некои парови со години чекаат да се венчаат поради лошата финансиска состојба.
„Три години го чекав овој ден. Едвај чекам да ја видам сопругата“, изјави 23-годишниот Самиула Замани.