Има суптилна убавина во секојдневните навики на мажите кои делат длабока емотивна врска со своите партнерки. Не се работи за величествени гестови или скапи подароци, туку за малите секојдневни активности кои навистина се важни.
Да имате длабока врска со вашиот партнер не е да играте игри со умот или да бидете премногу посесивни. Наместо тоа, се работи за тоа да им се даде слобода да бидат тоа што се, притоа нудејќи непоколеблива поддршка и разбирање, вели советничката за семејство и брак, Тина Феј. Таа откри три секојдневни навики на мажите кои искрено ги сакаат своите партнерки.
1. Внимателно слушаат
„Човек кој сака длабоко и искрено, дури и ако не е премногу романтичен, има тенденција да слуша внимателно“, вели консултантката на Hack Spirit.
Истакнува дека љубовта не е само изразување наклонетост со величествени гестови или слатки работи. Голем дел од тоа е да бидете тука за вашите партнери, да покажете емпатија и разбирање. „Овие мажи не се од оние момци кои само се затвораат за време на разговор. Наместо тоа, тие се сеќаваат на малите детали. Не затоа што се обидуваат да ве импресионираат со нивната меморија, туку затоа што искрено се грижат за вашите мисли и чувства“, објаснува Феј.
Оваа навика покажува дека ги ценат своите партнери, нивните мислења и она што тие имаат да го кажат.
„Не го игнорирајте ова. Тоа е еден од најизненадувачките, но најдлабоките начини на кои мажот може да ја изрази својата љубов“, додаде советничката.
2. Ја почитуваат вашата независност
„Еден од сознанијата што ги добив преку моите искуства и истражувања е дека мажите кои навистина сакаат, често имаат длабока почит за независноста на нивните партнерки. Тие разбираат дека здрава врска не е да се изгубите себеси во друга личност туку тоа се две индивидуи кои растат заедно, но сепак ги задржуваат своите индивидуални идентитети“, вели Феј.
Таквите мажи ги поттикнуваат своите партнерки да се стремат кон нивните страсти, да имаат свои пријатели и да уживаат во времето што го поминуваат сами. „Тие не го гледаат тоа како закана за врската. Напротив, веруваат дека ја зајакнува врската со поттикнување меѓусебно почитување и разбирање. Тоа е силна форма на љубов; тоа значи дека ве цени како единствена личност и ве сака поради тоа што сте, не само поради улогата што ја играте во нивниот живот“, тврди советничката.
3. Љубовта ја покажуваат преку дела
Како што вели старата поговорка: „Делата зборуваат погласно од зборовите“.
„Јасно е дека љубовта не мора секогаш да се покажува со грандиозни романтични гестови. Таа често се изразува на суптилни, но искрени начини кои можеби не одговараат на вообичаените поими за романса. Но, според моето искуство, таквата љубов е искрена, вистинска и исклучително убава“, заклучи Феј.