Љубов и Секс совет

Како некој да се заљуби во вас за 4 минути?

Истражување на психолози откри трик за будење на емоциите

Како некој да се заљуби во вас за 4 минути?

Дали има формула за заљубување? Дали е можно да натерате некој да се заљуби во вас? Ова се прашања кои ги поставуваат луѓето ширум светот бидејќи ја претставуваат големата тајна на човечкото срце. Доколку не сте знаеле, трикот постои и се базира на два посебни научни експерименти. Двајца психолози веруваат дека длабоките чувства можат да се предизвикаат кај луѓето за неверојатни 4 минути.

Имено, Артур Арон е професор по психологија на Државниот универзитет во Њујорк, во текот на кариерата најмногу се занимавал со љубовни врски, а врз основа на експеримент открил како двајца странци можат да се заљубат еден во друг за само неколку минути.

Двајца учесници во експериментот седеле гледајќи се во очи, а паралелно одговарале на неколку прашања за смртта, семејните односи, соништата, љубовта и слично. Секое прашање станувало полично, а последното било: „Споделете личен проблем и прашајте ја другата личност за совет, или како таа личност би се однесувала наместо вас. Замолете ги да ги опишат вашите чувства од нивна гледна точка“.

После тоа, учесниците само се гледале во очи уште 4 минути. Изгледа многу едноставно, но оваа практика е докажано дека поттикнува искреност и комуникација преку емоционална интимност. И верувале или не, гореспоменатите двајца учесници се заљубиле еден во друг по експериментот.

Психологот Менди Лен Катрон го проба истиот метод и го постигна истиот резултат.

Пред да го испробате трикот со саканата личност, важно е да знаете дека во љубовта нема гаранции, но јасно е дека оваа практика може да ве натера да се поврзете со некого емотивно на подлабоко ниво. Исто така, експериментот покажува колку е важно да се има доверба и искреност во врската, како и отворено изразување на емоциите.

„Јас банџи скокнав од карпа и скијав по стрмна планинска падина, но гледањето во очите на друга личност 4 минути не беше помалку предизвикувачко и возбудливо“, истакна психологот Катрон. „Првите неколку минути само се обидував да си го регулирам дишењето. Имаше многу нервозни насмевки додека конечно не се смирам. Знам дека очите се огледало на душата, но поентата не е дека можам да погледнам во нечија душа, туку дека некој може да ја погледне мојата“.

Се е до отвореноста. Кога се отвораме, дозволуваме некој да влезе во нашиот свет и да види што е тоа што го криеме во нашето битие. И кога другиот е отворен, ние го правиме истото. Излегуваме од патот сè што не попречува на овој пат, поврзуваме и откриваме кои сме навистина.

To top