Храна и Пијалаци рецепт

ВИДЕО: Солени руски капи

Ваква убавина е полн погодок.

ВИДЕО: Солени руски капи

Благи руски капи најверојатно сте пробале. Но, ваква убавина – солени руски капи, е полн погодок.

Одлично мезе за секој вид на прослава, многу вкусно, а и супер декоративно.

Потребни состојки:

Тесто:
4 јајца,
200 гр брашно,
250 мл јогурт,
50 мл масло,
1 пециво,
1/2 лажичка сол

Фил:
300 гр павлака,
1 парче сирење,
100 гр кашкавал,
100 гр сувомеснато,
3 кисели краставички,
3 лажици мајонез,
2 варени јајца,
1/2 лажичка сол

За декорација:
100 гр павлака,
100 гр кашкавал,
100 гр сусам,
2 лажици мајонез

Изматете јајца, па додадете ги останатите состојки. Прелијте во плех и печете во загреана рерна на 180 С околу 20тина минути.
Кога целосно ќе се излади исечете го на кругови по ваша големина. Ако ви е се за слава можете помали.
На страна направете ја крем салатата. Измешајте ги сите состојки и чувајте ја во фрижидер дури дојде ред за да ги склопите руските капи.
Секое кругче исечете го на пола, ставете крем салата и поклопете. Од страна премачкајте со павлака и мајонез, па извалкајте во потпечен сусам. Одозгора пак додадете павлака и мајонез, па декорирајте по желба. Јас ставив рендан кашкавал, парче морков, магдонос и маслинка.
Може да стојат во фрижидер до 2-3 дена.

To top