На 12 септември (четврток), винските љубители ќе имаат уникатна можност да уживаат во шестото издание на „Вино на штикли“, кое ќе се одржи во прекрасниот Ragusa 360 Rooftop, Скопје. Овој винско-музичко-моден настан ќе биде вистинско славење на страста кон виното, музиката и уметноста на живеењето, со над 150 различни вина од 20 врвни македонски и странски винарии.
Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од најгламурозниот вински настан во Македонија, каде гламурот и виното се спојуваат во совршена хармонија.
На овој вински салон, секоја винарија ќе има можност да ја раскаже својата уникатна винска приказна, додека посетителите ќе уживаат во внимателно подготвениот амбиент на Ragusa 360 Rooftop. Со поглед кој ги обзема сите убавини на Скопје, настанот ќе биде вистинско задоволство за сите сетила – од вкусовите на врвните вина до звуците на живата џез музика. Овој настан е совршена шанса за винариите да освојат нови љубители на виното и да остават траен впечаток.
„Вино на штикли“ не е само настан од салонски карактер, тоа е прослава на растот и развојот на винската култура во Македонија. Со секоја година, ова винско случување привлекува сè повеќе љубители на префинети вкусови, кои со нетрпение очекуваат да откријат нови ароми и уникатни приказни што ги носи секое вино. Настанот го поттикнува развојот на винската сцена и придонесува за изградба на вистинска винска заедница, каде винарите и љубителите на вино заедно ги слават и споделуваат своите страсти.
Бројот на карти за „Вино на штикли 2024“ е ограничен, а истите може да се купат онлајн на следниот линк: https://vinonastikli.mk/product/vleznica-2024/
Навреме резервирајте си го вашето место во ова гламурозно винско искуство кое ќе го прослави сето она што ја прави винската култура толку посебна и префинета.