Храна и Пијалаци Рецепт

Тајната состојка за совршен ајвар: Ќе му даде вкусна пикантна нота

Секоја домаќинка има своја надградба на традиционалниот рецепт за ајвар, а ние ви пренесуваме таен додаток кој докажано го подобрува вкусот.

Тајната состојка за совршен ајвар: Ќе му даде вкусна пикантна нота

Доаѓа зимаската сезона, а тоа значи само едно – прекрасниот мирис на печени пиперки се шири низ улиците.

Секоја домаќинка има своја надградба на традиционалниот рецепт за ајвар, а ние ви пренесуваме таен додаток кој докажано го подобрува вкусот. Се работи за рен.

Состојки:

-3 килограми црвен пипер

-300 грама рен

-3 децилитри масло

-1 децилитар алкохолен оцет

-лажица сол

Подготовка на ајвар:

Добро измијте ги и измелете ги пиперките. Потоа ставете ги во поголемо тенџере и варете додека смесата не стане густа.

Додадете сол и масло и варете додека сите состојки целосно не се соединат. Додадете рен и оцет, добро измешајте.

Истурете го ајварот во загреани, стерилизирани тегли. Откако ќе ги затворите, покријте ги со фолија.

Вака приготвениот ајвар треба да се чува на суво место најмалку 24 часа пред консумирање.

To top