Пилешкото соте е здрав оброк направен од пилешко филе, богат со протеини и малку маснотии, што го прави идеален за урамнотежена исхрана.
Подготвувањето на ова јадење е многу едноставно. Додавањето зеленчук како печурки и бамја го збогатува со влакна, витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот. Подготвен во маслиново масло и со додавање на павлака и зачини, дава совршена комбинација на вкус и здрави состојки.
Состојки:
600 гр пилешко филе
4 лажици маслиново масло
200 гр маринирана бамја
лажичка сол
половина лажичка бибер
300 гр маринирани печурки
3 лажици брашно
4 лажици кисела павлака
мешавина за зачини за печено пилешко
лажица путер
свеж лист од магдонос
Подготовка:
Пилешкото филе исечкајте го на помали коцки, зачинете го месото со сол и бибер. Додадете маслиново масло во загреано тенџере и додадете го пилешкото. Во тенџерето додадете ја смесата со маринирани печурки и зачини. Кон крајот на подготовката додадете ги бамјите и почекајте да се соединат состојките. Додадете малку брашно во садот, а потоа истурете пилешка супа или топла вода и покријте да се готви тивко.
Додадете павлака кон крајот. Послужете го пилешкото соте со сечкани листови магдонос.