Храна и Пијалаци проја

Рецепт за омилениот посен појадок кој апсолутно сите го обожаваат!

Рецепт за омилениот посен појадок кој апсолутно сите го обожаваат!

Посната проја со праз била незаменлива на трпезите во Југославија за време на велигденскиот пост.

Потребни намирници:

-200 гр бело брашно
-200 гр пченкарно брашно
-2 страка праз
-половина чаша масло
-1 кесичка прашок за пециво
-2 чаши газирана вода
-сол
-сусам по желба

Начин на подготовка:

Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за пециво, масло и газирана вода и посолете по желба. Во смесата додадете го пржениот праз и убаво измешајте. По желба одозгора можете да додадете и сусам.

Добиената смеса истурете ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. После тоа, извадете го и посипете го со зелениот дел од празот. Вратете го во рерна уште десетина минути, додека убаво порумени.

Бон апетит!

To top