Храна и Пијалаци нешто вкусно

Рецепт на старите мајстори: Караџорџева шницла

Истенчете го месото со толчник за месо, а потоа посолете.

Рецепт на старите мајстори: Караџорџева шницла

Состојки:

четири телешки шницли
четири големи лажици зрел кајмак
четири лажички брашно
две или три поголеми јајца
шолја презла
сончогледово масло
малку сол

Подготовка:

Истенчете го месото со толчник за месо, а потоа посолете.

Во средината на секоја шницла намачкајте го кајмакот, цврсто завиткајте, па прво валкајте во брашно, па во изматени јајца и на крај во презла. Се пржат на длабоко врело масло десетина минути, додека убаво не поруменат од сите страни.

Послужете додека е топло.

To top