Ви треба:
4 јајца
100 гр шунка или колбас
2-3 кисели краставички
3 лажици мајонез
2 лажици сенф
сол
бибер
Подготовка:
Сварете ги јајцата, па пресечете ги на половина и извадете ја жолчката.
Измешајте ги шунката, киселите краставички и жолчката, па сè зачинете со сенф и мајонез.
Добро измешајте ја целата смеса за убаво да се соединат состојките.
Наполнете ги јајцата со подготвената смеса, па декорирајте по желба.