Потребно е:
300 гр брашно
половина коцка квасец
3 супени лажици маслиново масло
Додатоци:
300 гр тиква
200 гр пченка
200 гр салама
150 гр кравјо сирење
150 гр рендано сирење
1 главица кромид
1 лажица маслиново масло
сос од домати
мајчина душица
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Во сад измешајте го брашното со квасецот.
Измешајте го маслото и солта со 150 мл топла вода и додадете ги во брашното и квасецот.
Замесете тесто од смесата, па оставете го да отстои еден час.
Расукајте го тестото на набрашнета работна површина и префрлете го во плех обложен со хартија за печење.
Посипете со прстофат мајчина душица и прелијте со сосот од домати.
Додадете ги другите состојки: тиква, пченка, салама, кравјо сирење и кромид.
Печете ја пицата околу 20 минути, во рерна загреана на 220 степени.
Добар апетит!