Храна и Пијалаци Рецепт

Направете си тавче-гравче за вкусен и посен ручек

Гравот печете го во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 20-тина минути, додека да се формира тенка кора на површината.

Направете си тавче-гравче за вкусен и посен ручек

Вчера започнаа велигденските пости. Ве советуваме како да направите вкусно и посно тавче-гравче.

Состојки:

-500 грама бел грав
-250 грама кромид
-2 суви пиперки
-малку масло
-црвена мелена пиперка
-сол и црн пипер
-ловоров лист или сушено нане

Подготовка:

Ставете го гравот во тенџере и налејте вода да го покрие гравот. Оставете да отстои. Исцедете го, па ставете го во тенџере со чиста вода, да се вари на умерена температура.

Откако ќе зоврие, истурете ја таа вода, а во тенџерето со гравот сипете друга вода и додадете ја главицата кромид и сувите пиперка. Кога ќе се свари гравот, запржете го гравот така што во тава ќе направите „лута запршка“ со масло, малку брашно и црвена мелена пиперка.

Пропржете го гравот и оставете да се вари уште неколку минути. Потоа, додадете го ловоровиот лист и сè префрлете во земјен сад.

Гравот печете го во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 20-тина минути, додека да се формира тенка кора на површината.

To top