Колачот со додаток на моркови и ореви кој секој лесно може да го направи и ќе се воодушеви од неговиот вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
1,5 чаши шеќер (270 г)
1 чаша млеко (200 мл)
1 чаша сончогледово масло (200 мл)
2,5 чаши брашно (300 г)
1 кесичка шеќер ванилин (5 г)
2 кесички прашок за пециво (20 г)
1 чаша ореви (110 г)
2 чаши рендан морков
1 лажичка цимет (5 г)
ПОСТАПКА:
1.Јајцата пенасто изматете ги заедно со шеќерот (со миксер на голема брзина). Кога ќе згуснат додајете ги млекото и маслото и повторно изматете додека да се соединат.
2.Брашното, прашокот за печиво и ванилата просејте ги додајте ги во смесата. Мешајте бавно со шпатула за да остане смесата пенлива.
3.Додадете ситно рендани моркови, мелени ореви и цимет и продолжете со мешањето.
4.Откако ќе го намачкаме секој дел од калапот за куглоф со путер или маргарин, сипете ја смесата во него.
5.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Дали е добро испечен колачот проверете со чепкалка за заби.
6.Откако колачот ќе се излади, ставете го на чинија за сервирање и посипете по желба шеќер во прав.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.