Традиционалното пролетно винско претставување во организација на Македонската асоцијација на сомелиери – МАСОМ, ќе се одржи на 29 март 2025 (сабота) со почеток од 13:00 часот.
На настанот ќе учествуваат четириесетина изложувачи, претежно македонски производители.
Хотел Мериот е избраната локација за овој настан, на кој гостите ќе имаат прилика да го збогатат своето винско искуство и со некој вина од познатите светски вински региони за што се задолжени македонските увозници на вина. Професионалците и љубителите на “посилната” капка пак ќе имаат прилика да дегустираат и по некоја грижливо селектирана ракија. Додека во деликатесниот павилион ги очекуваат нови гурмански специјалитети.
Настанот се затвора во 21:00 часот. Онлајн влезниците се во продажба.
ЛИНК: GrandVin 2025 Spring Wine Salon – karti.com.mk
ПРОФИТОТ ОД ВЛЕЗНИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ ДОНИРАН НА СЕМЕЈСТВАТА ПОГОДЕНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ.