Храна и Пијалаци рецепт

Едноставен колач со јаболка

Уживајте во вкусот на јаболка и цимет!

Едноставен колач со јаболка

Потребно:

5 јаболка
120 гр гриз
120 гр кафеав шеќер
120 гр брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка цимет
100 гр путер

Подготовка:

Прво излупете ги јаболката, па изрендајте ги и додадете цимет. Измешајте ги преостанатите суви состојки, а дното на кружниот калап во кој ќе го печете колачот премачкајте го со малку путер.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во калапот ставете една третина од сувата смеса, па половина од јаболката, па повторно една третина од сувата смеса, па остатокот од јаболката и одозгора последната третина од сувата смеса.

Над колачот изрендајте малку путер, па ставете колачот да се пече на 180 степени околу 35 минути додека не добие златно-кафеава боја.

To top