Храна и Пијалаци колач

Десерт од јаболка кој ќе ве врати во детството

Десерт од јаболка кој ќе ве врати во детството

Колачот со јаболка бил незаменлив десерт на нашите простори во 70-тите и 80-тите години. Тоа е кремаст и освежителен десерт, кој многу лесно се прави.

Тесто:

пет јајца
пет лажици шеќер
пет лажици брашно
еден прашок за пециво
три до четири лажици млеко

Крем:

еден килограм излупени и исечени јаболка
половина литар вода
шест лажици шеќер
еден ванилин шеќер
два пудинга од ванила

За шлагот ќе ви требаат 250 милилитри слатка павлака

Подготовка:

Најпрво одвојте ги белките од жолчките. Прво изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па постепено додајте брашно, млеко и прашок за пециво.

Потоа цврсто изматете ги белките и полека додајте ги во смесата со жолчките. Готовата смеса истурете ја во тавата, која претходно сте ја подмачкале. Пожелно е тавата или калапот за печење да бидат со димензии 36X20 сантиметри. Печете го тестото 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Во меѓувреме во големо тенџере ставете ги јаболката, шеќерот и водата. Варете ги јаболката додека не почнат да се распаѓаат, а потоа додадете ги пудинзите измешани во малку вода и варете ги до крај. Топлиот крем прелијте го на изладеното тесто.

Добро изладете го колачот и премачкајте го со шлаг.

To top