Во период на настинки и вируси оваа одлична комбинација ќе ви помогне успешно да го зајакнете имунитетот и со сласт да уживате во магичната комбинација на природни состојки.
Потребни состојки:
200 мл вода
1/2 исцеден лимон
1/2 лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка мед (По желба)
Подготовка:
Сокот од лимон се става во 200 мл вода и се чека додека не зоврие. Потоа, во водата со лимон се додаваат и ѓумбирот и медот. Така подготвениот чај се остава да одстои 5 минути и потоа се конзумира.
Како функционираат лимонот, ѓумбирот и медот?
-Лимонот е богат со витамин Ц, затоа го зајакнува имунитетот и ги неутрализира слободните радикали во организмот со што се намалува воспалението и отокот.
-Ѓумбирот содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар. Исто така, помага во елиминирање на токсините од телото, ја подобрува концентрацијата и успешно се бори против болки во стомакот, вртоглавица, повраќање и ладно потење.
-Медот ја смирува болката во грлото, што го прави добар природен лек за смирување на кашлицата. Ова, исто така ја подобрува способноста на телото да се бори против инфекции и го намалува ризикот од покачена телесна температура.