Храна и Пијалаци рецепт

БАНАНА КОЛАЧ СО ЈОГУРТ KOJ СЕ ТОПИ ВО УСТА: За совршена недела

Во сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, какаото и содата бикарбона, а во друг изматете ги останатите состојки за кората.

БАНАНА КОЛАЧ СО ЈОГУРТ KOJ СЕ ТОПИ ВО УСТА: За совршена недела

Ќе ви треба:

150 г брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
2 лажици какао
1/2 лажичка сода бикарбона
60 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 мл масло
100 мл млеко
100 мл густ јогурт
100 г павлака
2 лажици рум
прстофат сол

За филот:

900 мл млеко
150 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 пудинзи од ванила
4 лажици средство за згуснување
100 г путер
3 мали банани
500 мл слатка павлака
крем фикс
2 кесички желатин
2 лажички вкус на ванила
100 г чоколадо за готвење

Дополнително:

4 лажици млеко
банана

Подготовка:

Во сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, какаото и содата бикарбона, а во друг изматете ги останатите состојки за кората.

Кога ќе се соедини, додадете ја смесата од брашно и нежно промешајте со шпатула, потоа истурете во плех за печење и печете околу 15 минути на 200 степени. Од 900 мл млеко одвојте 150 мл и во него растворете го пудингот, згуснувачот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Загрејте го остатокот од млекото до вриење, тргнете го од оган и додадете ја смесата од пудинг и шеќер.

Вратете на шпорет и гответе додека не се згусне. Кога пудингот ќе се олади, додадете го путерот и добро измешајте.

Во друг сад, изматете ја слатката павлака со фиксаторот за павлака и додадете ги пасираните банани. Додадете ја павлаката во пудингот, соединете и додадете го желатинот и аромата од ванила. На крај, додадете ги чоколадните трошки. Истурете ја смесата врз кората што сте ја натопиле во млеко и оставете ја тортата да се олади.

To top