Астрологијата вели дека жените родени под овие три хороскопски знаци стануваат посреќни и поуспешни по 50-тата година од животот. Девиците, Лавовите и Биковите може да очекуваат огромна промена на подобро во втората половина од нивниот живот.
Девица
Девиците се познати по тоа што уште од мали нозе се однесуваат како зрели души. Со нивниот практичен пристап, организација и аналитички вештини, тие знаат како да ги искористат своите таленти, а нивната работа често носи исклучителни резултати. Не е невообичаено Девиците набрзо по завршувањето на студиите да најдат одлична работа и со својот труд брзо да напредуваат и постигнуваат успешни кариери. До 50-тата година, Девиците обично постигнуваат многу цели, но не запираат. Секогаш се трудат да одат чекор понапред и како одминува времето се повеќе се запознаваат себеси. Овој процес на самооткривање им помага да ја надминат потребата за перфекционизам и да се релаксираат. Техниките како јога и медитација често им помагаат во овој процес.
Лав
Лавовите често постигнуваат исклучителен професионален успех во нивните позрели години. Нивното мото станува „учење, учење и повеќе учење“, што им помага да напредуваат во различни области. Не е невообичаено Лавовите во шестата деценија да одлучат да се запишат на факултет, да посетуваат курс, па дури и целосно да ја сменат својата професија или дури и животниот пат. Лавиците не се плашат од промени и знаат да уживаат во зрелите години.
Бик
Биковите лесно го прифаќаат стареењето и всушност отсекогаш посакувале да пораснат. По 50-тата година тие стануваат уште попосветени на кариерата, а она што ги издвојува е тоа што знаат да се фокусираат на своите цели и да не дозволат надворешни фактори да им го одвлечат вниманието. Со оптимистички пристап, сè посилна работна етика и јасна визија за тоа што сакаат од животот, Биковите го постигнуваат својот напредок. Жена Бик во своите педесетти храбро се справува со нови предизвици и постојано напредува.