Причините за анксиозноста како и начинот на нејзино манифестирање се карактеристични за секој знак.
Бикот, Близнаците, Ракот и Јарецот се хороскопски знаци каде што најчесто е присутна анксиозноста. Анксиозноста им е позната на сите, но нејзините предизвикувачи се различни.
БИК
Сакате да бидете лежерни и да не брзате. Роковите ви предизвикуваат голема непријатност и стрес. Постои страв дека нема да можете да бидете во чекор со поставените рокови и барања. Нема причина постојано да ја доведувате во прашање вашата компетентност и вештини. Имајте на ум дека сте доволно добри и брзи за да ги постигнете сите барања и дека всушност само вашата потсвест го зголемува проблемот.
БЛИЗНАЦИТЕ
Главниот проблем се СИТНИЦИТЕ! Тие можат целосно да ве исфрлат од колосек и да ви го уништат расположението. Причината е што претерано реагирате на работи кои не треба да ве засегаат и лично да ги доживеете. Опуштете се, медитирајте и одолејте на нападите на паника кои често не ви даваат мир.
РАК
Емоциите ве прават ранливи. Не треба да ги криете, само научете како да дишете длабоко, смирете се и гласно кажете што ве мачи.
Лекот за вашата анксиозност е утеха и уверување дека сè ќе биде во ред.
ЈАРЕЦ
Поставувате премногу барања од себе и од другите, а тоа е главниот проблем. Постојано сте фокусирани на иднината и заборавате на моментите во сегашноста. Строгата организација е добра особина, но понекогаш треба да ја спуштите тензијата.