Хороскоп

Ракот неодоливо привлечен, Рибите на дружба со пријателите

Ракот неодоливо привлечен, Рибите на дружба со пријателите

ОВЕН

Овој работен ден би можел да мине во опуштена и сосема задоволувачка рутина. Опуштено ќе биде и на вашето љубовно поле. Би било добро повеќе да излегувате и да минувате повеќе време со пријателите. Можна чувствителност на бубрезите.

БИК

Многу добар работен ден е пред вас. Можно е да ви се отворат некои канали на комуникација со странство. На љубовното поле, не е исклучено вашата драга личност да ве изненади со некој предлог. Многу добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Постои можност да направите многу добар договор и да остварите соработка која ветува стабилност на долги патеки. Слободните, евентуално преку работа може да ви се наметне шанса за флерт. Здравјето е многу добро.

РАК

Може да ви се отворат нови шанси за напредување преку некои нови соработници. За слободните, некоја стара комуникација може да стане нова. Некому сте неодоливо привлечни и нема лесно да се откаже. Многу добро здравје.

ЛАВ

Доколку себе си сте си поставиле повеќе цели, само храбро напред. Имате реални шанси да ги остварите, само да не потрошите повеќе енергија. На љубовното поле, потребно е двајцата малку да ја „спуштите топката“ околу некои прашања во кои не се сложувате, и голем дел од проблемите ќе ги решите. Многу добро здравје.

ДЕВИЦА

Можност за реализација на некои нови идеи од порано, или да воспоставите некоја нова соработка. Би требало климата во полето љубов да биде поволна. Може да запознаете личност која ќе биде по ваш вкус. Зајакнете го имунитетот.

ВАГА

Heкои поволни информации би можеле денеска да ве поттикнат и да ви дадат „ветер во грб“ на работното поле. Занимавајте се со долгорочни планови. На љубовното поле очекувајте неколку убави сатисфакции за се што сте направиле за вашата сакана личност. Водете сметка околу исхраната.

ШКОРПИЈА

Нечија помош и тоа како може да ви значи некои работи да ги решите на едноставен начин. Имате убав период пред вас на љубовното поле, да уживате во се. Немојте тоа да го прокоцкате. Можна чувствителност на уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Би требало да работите на склопување на долгорочни договори. Потренцијални спротивставени мислења со саканата личност можете да ги надминете само ако двајцата се одлучите на неопходни отстапки. Здравјето е без значајни предупредувања.

ЈАРЕЦ

Не е лош ден да биде успешен на професионален план. Кај некои ќе се „разбудат“ прашањата околу некои ситуации кои биле блокирани. Многу добар ден може да очекувате и на љубовното поле, особено ако сте оствариле контакт со старата симпатија. Можни проблеми со кичмата, колената, зглобовите.

ВОДОЛИЈА

Во текот на овој работен ден, може да очекувате пријатни изненадување на работното поле, особено од соработниците. Ова може да биде одличен ден за љубовни активности, само прашање е што конкретно сакате. Можни респираторни тегоби.

РИБИ

Потребно е да се тргнете од пасивноста. Од вас ќе се бара да бидете одлчни и подготвени на промени кои ќе следуваат. Нема пречки ниту овој ден на вашето љубовно поле. Ќе ви годи некоја заедничка дружба со пријатели. Ви треба одмор, добро наспијте се.

To top