Секоја година, од околу 26 јули до 12 август, се отвора нешто што чувствителните луѓе го препознаваат дури и без да знаат што е — лавовската порта.
Но токму 8 август (8/8) се смета за врв на нејзината енергетска моќ. Ова е период кога Сонцето се наоѓа во знакот Лав, а ѕвездата Сириус — која во многу култури се смета за духовно сонце — станува видлива на небото и се порамнува со Земјата.
Ова порамнување не е само астрономски феномен. За многу луѓе низ светот, тоа претставува енергетски порталкој овозможува духовна активација, засилена интуиција, внатрешно прочистување и поддршка за будење на сопствената моќ. Ова е период кога добиваме шанса да го тргнеме старото, да ја отресеме прашината од сопствениот глас и да се вратиме дома — во срцето.
Лавот, како знак на Сонцето, е симбол на срцева енергија, гордост, креативност и самопочит. Кога оваа енергија се активира преку лавовската порта, таа не бара од нас надворешна доминација, туку внатрешна храброст. Да престанеме да се прилагодуваме на туѓи очекувања. Да излеземе од улогите што ги играме за да нè сакаат. Да престанеме да се извинуваеме што светнеме. Ова е време да се прашаме: Што би направиле ако повеќе не се плашиме од сопствениот глас, сопственото светло, сопствениот гнев и копнеж?
Лавовската порта е исто така повик на прочистување. Многумина во овој период чувствуваат емоционални осцилации, потреба за плачење или длабока интроспекција. Не е случајно. Телото го чисти она што умот долго време го чувал потиснато. Ненадејна интуиција, силни соништа, одеднаш појавена јасност, сето тоа се знаци дека нешто внатре во нас се подготвува да се трансформира. Не наеднаш. Туку со длабока почит кон процесот.
Што можеме да направиме за да ја почитуваме оваа енергија?
Да ги запишеме нашите намери — не како желби, туку како дел од сопственото јас: Кој сум и што одбирам да живеам?
Да медитираме или седиме во тишина со рака на срце, и да слушнеме што ни кажува телото.
Да се ослободиме од вината што ја носиме заради својата светлина, својата длабочина, својата потреба за автентичност.
Да простиме. Себеси и другите. Не затоа што сè било во ред, туку затоа што не сакаме повеќе да го носиме товарот.
Лавовската порта не е спектакл. Таа е внатрешна пресвртница. Нè повикува да ја тргнеме прашината од сопствениот идентитет и да се појавиме, со ранливост, со храброст, со искреност. Ова не е време да се криеме. Ова е време да се сетиме дека токму кога сме највистински, сме најсилни.