Сите имаме омилени мирисни ноти кои особено нè привлекуваат и кои нè радуваат. Кој тип на парфем ви одговара според вашиот хороскопски знак?
Нашиот хороскопски знак кажува многу за нашиот карактер. Во зависност од положбата на планетите, астрологијата може да ги предвиди шансите за некој настан. Сепак, Зодијачкиот круг може да ни помогне и за типот на парфем кој го сакаме. Значи, доколку сакате да освоите личност користејќи го трикот со парфем, еве што треба да знаете.
Секој сака различни мириси. Некој воопшто не сака парфем, додека одредени знаци сакаат слатки мириси, а други цветни. Во секој случај, хороскопот може да помогне во оваа работа, особено ако сакате некому да подарите парфем. На пример, мирисите со источни зачини ќе им се допаднат на луѓето родени под Марс. За оние чија планета Венера им е заштитник, со задоволство ќе изберат цветни мириси од рози, иланг-иланг, ванила и јоргован.
Парфеми за воздушни знаци
Луѓето родени под воздушните знаци сакаат разни парфеми и ароматични масла. Ќе бидат воодушевени од цветни, мирисот на бобинки и овошните парфеми. Тие го истакнуваат својот шарм и софистицираност.
Парфеми за водни знаци
Претставниците на Зодијакот кои се родени под елементот на вода можат апсолутно да живеат без парфем. Ако одлучат да носат некои, тие ќе бидат освежителни мириси кои одлично се вклопуваат со топлото време. Едноставно сакаат да летаат, и воопшто внесуваат свежина во сѐ.
Парфеми за земјените знаци
Типот на парфем по хороскопски знак, кога станува збор за земјените знаци, најверојатно ќе бидат оние со арома на бобинки и овошни мириси. Нотите од праска, лимета и диња во комбинација со цвеќиња и килибар се совршени за нив.
Парфеми за огнени знаци
Родените под елементот на оган уживаат во дрвенести мириси. За нив изберете парфеми што содржат мирисни ноти на кедар, сандалово дрво, смрека, чемпрес или зачини. Ова е мирис кој ги смирува и ги поврзува со природата.