Колумни Медрано и во вашиот град...

Кецарошите си пишувале петки, а наставникот Филипче си свиркал

Така што, драги мои, да се фалиш со фактот што си добивал розови извештаи од онколошкиот Аушвиц, а притоа си останал слеп, глув и нем на морбидниот криминал и уништувањето стотици животи заради нечии мизантропско-лукративни апетити, навистина треба да си очаен. На страна и бесчуствителен. Башка и глуп, да не се лажеме…

Кецарошите си пишувале петки, а наставникот Филипче си свиркал

Што навистина се случувало на Онкологија во времето на министерувањето на Венко Филипче? Најпластичен опис на сижето од она што тој самиот го призна би бил следниот:  Кецарошите сами си пишувале петки, а наставникот Филипче ги правел првенци и стипендисти. И им ги аминувал дејанијата, без проблем, проверка уште помалку. Оти, толку ли го интересирало? Или, затоа што имал поважна работа?  Дали, можеби, градел куќиште во скопско Нерези, хациенда која не била ни негова како што тврди? Учел ли да го вози исто така„туѓиот“ џип од 150 илјади евра? Или, пак, се занимавал со монтажните болници/огнени стапици на Анѓушев, та ги „поправал“ да горат за 3 минути, не за триесет секунди ли? Возел БМВ моторчиња од 32 илјади евра ли? Или, вниманието, сепак му било целосно насочено кон бизнисот со корона вакцините, кои за малку ќе ги купевме по трипати поголема цена од продажната, реална цена која важеше „само“ за целиот остаток од светот?

Како и да е, кон што и да бил фокусиран надобудниот функционер, а тоа сигурно не било здравствениот систем и пациентите во Македонија, факт е дека тој како министер, прв човек на здравството не си ја извршил основната му задача – контрола на институциите. Така, на Фичо му дале извештаи од Онкологија, во кои таму „течеле мед и млеко“, а се функционирало „како по ноти“. И тој, агилен и вреден каков што си бил, си примил „ко попче“ неколку шестмесечни извештаи и не приметил дека во извештаите се„суши-лаже“ и дека таму се случува невиден, најморбиден криминал од епски размери?

Уште, покрај се’, самиот да треснеш и да се пофалиш : „Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња,  кога имаше рестрикции во движиња ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно сработувано во министерството за здравство!“ А, таму, да ти имало онколошки конц-логор…

Значи, повторно се враќаме на основното – кецарошите (криминалците) од Онкологија си ставиле петки (поднеле совршен 6-месечен извештај), а наставникот (министерот) Филипче им ги аминувал во дневникот и ги прогласил за првенци на генерација. Уште погрдо, тоа го правеле во повеќе наврати, односно повеќекратно ги менувале кецовите во петки (лажни, филувани 6-месечни извештаи), кои наставникот им, зафатен со ултра-важни активности како возикање мотори со идолот и ментор Заев, постојано ги аминувал и одобрувал овозможувајќи им на учениците измамници да се запишат како првенци на надобриот факултет (да крадат како улави и без усул и да станат „бродови“).

Главното прашање кое секој нормален и со троа ум во Македонија си го поставува (а, за нечија жел има мнооогу такви), е дали наставникот/министерот навистина не знаел за лажираните петки кои учениците сами си ги пишувале, или поверојатно, само се правел „на Тошо“ и намерно гледал на страна и низ џамот кога кецарошите си ги преправале единиците со коректорче, правејќи ги петки. Не му пречело ни тоа што вистинските петкаши катадневно истото му го предочувале, ни на крај ум не му паѓало чудно што луѓе се жалат и алармираат (на Онкологија и умирале поради криминалот и полнењето нечии џебови). Велат, притоа даскалчето воопшто не се грижело, уште помалку „насекирало“ што по таквите злодејанија во дневникот секој ден наоѓал по сто-двесте евра, некогаш и илјадници. Најверојатно, си мислел пустиот, дека задоволните вистински петкаши, така презадоволни од неговата работа, поради премалата плата го частат прекрасниот учител кој мижејќи пред аздисот на кецарошите, така сигурно ги води кон вистинскиот пат и вредности.  Во меѓувреме, хациенадата растела, џипот до 150 илајди евра и натаму не бил негов, а чекмеџето одамна било сменето со куфер. Па шкаф, кој пораснал во амерички плакар. Преполн, крцкал…

Така што, драги мои, да се фалиш со фактот што си добивал розови извештаи од онколошкиот Аушвиц, а притоа си останал слеп, глув и нем на морбидниот криминал и уништувањето стотици животи заради нечии мизантропско-лукративни апетити, навистина треба да си очаен. На страна и бесчуствителен. Башка и глуп, да не се лажеме…

Вадењето и „перењето“ со „не е точно, јас добив прекрасни извештаи за Дахау, Аушвиц и Треблинка во кои јасно се опишува дека логорашите живееле како во Риц и Хилтон“ и немрдањето со прст комбинирано со нула-теренска активност, сето зачинето со бизнис аферите за корона вакцините, мото-вожњите со Црпко, хациендата и модуларните кибритчиња на Кочо наликува на најступидната „вадачка статива“  во македонската историја. Од кол, на кол вели народот.

Да не беше толку морбидна и да не се работеше за уништени животи и тешки судбини, сета оваа лошо смислена и уште полошо реализирана приказна за мали деца ќе имаше шмек на политичка пародија, ѓоамити Макс Бункер и Магнус од „Алан Форд“ да им ја пишале на СДС и Венко, на страна што гарант платиле цело богатство за неа.

Бизарното вадење и „самоперење“ на Венко соодветствува и совршено „паше“ на најпознатите изреки од истоимениот стрип, во стилот на :   „Ние имаме искуство, а вие пари. На крајот вие ќе останете со искуството, а ние со парите.“. „Крадам од сиромашните за да им дадам на богатите.“ „Подобро нешто од некого, отколку ништо од никого.“ или „Подобро да бидеш богат отколку да не бидеш.“

Особено реално кога сета оваа трагикомедија доаѓа од партијата на која фантастично и одговара мотото на Аланфордовата т.н. Партија на ВИСТИНАТА: „Ние ништо не ветуваме и тоа и го исполнуваме“…

To top