Да, кармата да ти била кучка. А брзата кучка, таа брзи кучиња да ти раѓала. Не слепи. Сите ги раѓале такви, за да по две недели прогледаат. Кај нас, пак, некои партии и нивни пулени никогаш и не ја имаа таа чест. Да прогледаат…
И пак, во прашање да ти била генетика. Во случајот на кучката – брзината, а во случајот на некои партиски направии – удбашкото, сеирџиско, кодошко наследство. „СДС легаси“. А од генетика не се бега, особено кога сте фамилијарно оперирани од чест, достоинство, од љубов кон своето и најмногу од патриотизам. А толку многу, бескрајно надарени со бескруполозност, ксенофилија, опортунизам, сервилност, лукративност, апатризам и сеирџиство. За некого таксират, за друг предуслов и ксмет за кариера и трупање пари…
Арно ама, истата таа карма која ти била и кучка, не бадијала била таква. Изразот е англосаксонски и се користи за ситуации во животот кога како бумеранг ти се враќа она што си им го правел и посакувал на другите. Нашата поговорка на иста линија е „кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа“…
А, нихилистичката и крајно опортунистичка банда од Бихаќка дното и го токмеше на Македонија. Не насочуваа орно кон тињата. Со своите тендерашки побратими од Мала Речица седум години ја девастираа државата, крадеа, се изживуваа, тргуваа со идентитетски одредници, понижуваа, продаваа револуционери, водачи и светци, се ценкаа со историја, менуваа наративи и сакаа да сменат дури и колективна меморија на еден цел народ. Садистички пустошеа се’ што ќе допреа со лепливите им рачиња. Сепак, статива. Ок, трпевме силен резил со антимакедонските злодејанија на Црпко, Таче, Чмаричиќ и Бугар Османов, ни врзаа машни и Бугари и Грци и Албанци, ама сето тоа испадна бадијала и со рок на траење. Точно, најтемно беше пред зората. Видовме…
И сега, сега шу прајме? Сега, благодарение на истата таа карма некој кмичи на дното, кукумјавчи и прета со рејтинг подобен на имиџот и чесноста на маалска ороспија. Партија во слободен пад, која оди, абе јуриша контра логиката и светските трендови и правила. Уникатна направија која катадневно паѓа се подолу и подолу во тињата која и ја токмеше на Македонија. А, е во опозиција?! А на власта паралелно и растел рејтингот?! Немогуќе?! Ендемски факт кој му противречи на здравиот разум, но има добра логика во Македонија. Оти, доволни беа не неколку месеци, туку само неколку дена за да ја видиме разликата. И не дека новата власт е најубава или најумна, туку затоа што овие насадените од претходната беа најтешките дрндупки, хохштаплери и ќелепури. Дефиниција за ќелепур – човек незаслужено ставен на одредено високо место или позиција. Колку соодветен збор за најнеспособната банда во историјата на Македонија. И многу пошироко. А работите се менуваат. Ништо не е вечно. Ќелепурски стекнатите позиции, особено. Барем, да беа мажи и да не кенкаа, да признаеа дека и згрешија на нацијата, на државата. Не вака, со плачки и бапчорски манири. Оти, независно дали било спорт, живот или политика, никој не ги сака лошите губитници. Плачковците…
Она, кога се чепкаш со суверенот на државата. Кога си играш со народот. Резултатот е секогаш идентичен. Го јадеш стапот. За сите пари…