Колумни изгубени во јагленот и златните визи

Филипче залутан во МУРТИНСКИОТ ТРАГОЛНИК

Пендаровски пред некој ден несакајќи излегол од триаголникот, само за да истресе зелени за Македонија. Велат, Љубави многу се каел за истото, камо да не излегол пустиот самодемантирач, таксират северен. Си се вратил, ко попче…

Филипче залутан во МУРТИНСКИОТ ТРАГОЛНИК

 

Внимавајте, на Балканот се појави пандан на Бермудскиот триаголник. Овој нашиот е Муртински, триаголник во кој веќе залутала цела сурија политичари од СДС. На некои, како на ЗоЌи алијас Црпко Заев, веќе неколку месеци целосно и му се губи трагата.

Велат, во истиот тој МУРТИНСКИ ТРИАГОЛНИК биле заглавени и Филипче, Обиџуко Спасовски, Љупче Путерот, Ноќ Дончев, Цаци Салата, Таче  и редица други северни ајвани. Најдобар егземплар, пак, за судбината на политичар во Муртинскиот триаголник да ти бил Артан Груби, кој така нежно исчезна од радарот во белиот свет. Со надеж за навек. Го следел и поетот Васко Ковачевски, заедно со цела сурија други изгубени ликови, кои одамна го изгубиле патоказот на чесноста и залутале во криминалот, рушветот и корупцијата.

Пендаровски пред некој ден несакајќи излегол од триаголникот, само за да истресе зелени за Македонија. Велат, Љубави многу се каел за истото, камо да не излегол пустиот самодемантирач, таксират северен. Си се вратил ко попче…

Но, се прашувате, како функционира овој муртински триаголник? Еве, во најкратки црти – Грчкиот јаглен горел во Македонија, а парите завршувале во Бугарија, во џебот на баткото на Црпко, Вице.

Филипче, во истиот тој муртински триаголник „ни мање ни више“ влетал со џипиште од 150 илјади евра, кое, замисли, не било негово. Исто ко и хациендата на Нерези, исто ко и златаната виза. Ништо од тоа немал, за да после има, ко што фројдовски си призна и бекна за визата за Дубаи. На ред се џипот, хациендата, милионите…

И сега, се’ уште се прашувате чуму му е на невро-докторот златна виза? Зошто истиот тој катадневно ви гази по нервите и тресе зелени за Стратешкото партнерство со Британија, па измислува нејасно потекло на пари, па поставува ступидни прашања дали со Коридор 10 сме правеле услуга на други сили (небаре Британија ни дава средства да им „учиниме“ на Кина и Русија), та повикува на чесност и одговорност (ко педофил кој се „бори“ за правата на децата) и ред други „глупи ко ноќ“ дејанија? Оти, не му е лесно на човекот, та тресе ли тресе, макар и изгледал ко слон во пиџами. Знаете, очајот да ти бил тешка заебанција. Терал на правење нелогични глупоштии и на „тресење“ зелени. Ако се уште не верувате, сетете се само на зелените бисери и идиотизми на Црко Муртински, што се’ не истресе и кажа ајвароносецот. А, кога сме кај Фичо, само сетете се на Модуларната и новите докази, па и на Онкологија и 35-те милиони евра кусок. И, побитно, на тоа дека немаме договор за екстрадиција со Емиратите…

Следно? Што е следно?

Фатен со рачињата во „јагленосаниот“ мед и мега-ќарот со Заевци во набавката на јаглен, очебијно, дојдено е вистинското време некој  да си ја искористи златната виза и да биде следниот СДС политикант исчезнат во МУРТИНСКИОТ ТРИАГОЛНИК, иако, одамна е вовлечен во него. Главен предуслов за истото било да бидеш лукративен опортунист и бааги да ти лепеле рачињата. Сите горенаведени 102% го исполнувале истото, ѓоамити фоторобот за кримоси се.

По новите моменти и информации за грчкиот јаглен, на ред било ОЈО.

Аирлија работа!

To top