„Свиркачи“ им дале документи и ука на СДС дека ТОЕФЛ сертификатот на директорот на АНБ бил фалс? Ауууу, не, пак реприза? Вест од рубриката „Низ времето“. Епа, тоа ти е таа стара, кодошка генетика на наследниците на УДБА и ОЗНА. Секогаш, без утка, во служба на својата ненародна партија и на сопствениот џеб. По секоја цена. А, ако барем на момент се сомневате, само пристете се „Големото уво“ на Црвенковски и на „Бомбите“ на наследникот му Црпко Заев. Та, чуму и октроираното чедо Филипче би било поинакво, нели?
Знам, сега ви паѓа мака и тешко на душата за Таче. Тој си остана без шпионска, „свиркачка“ и удбашка афера со која требаше да ги врати или задржи комуњарите на власт. Таксират Ќуранов. Го изневерија кодошите, алапачите и „виселблоерите“, не е фер. Да, оти тој беше толку тиња, дрндупка и ќелепур, што стопаните му од службите мислеа/знаеја дека ќе ги изгуби истите веќе на третиот метар. И не му дадоа ветер во едра на пустиот… Или, сепак, го казнија што не успеја да ги протурка бугарските желби и извољевања за внос во уставот и промена на историјата. Гревче…
Како и да е, сценариото е со оној горкиот, бљак вкус на „веќе видено“. Ес-де-есовско дежа ви. Тоа е тоа. А се најдат во опозиција и политички и идејно се ѓон, безидејковците „рејтингот“ го дигаат со инјекции од службите. Удбашка вијагра за дигање на ничкосаниот им рејтинг, тапа имиџ и тиња иницијатива. Велат, старите кучиња не можат да научат нови трикови. Вакви политички и анационални џукели па ич не ни пробале, затоа што знаат дека проверениот рецепт секогаш им палел и жарел во минатото. Чуму, пак, да не ја испробаат повторно добитната комбинација? Од ново удбашко каљање и девалвација на противникот – зијан нема, вели една стара есдесесовка поговорка…
Оти, признајте, не им е лесно на инфантилните ајвани. Над глава им висат судови и зандани, бадијала распупеното судство и обвинителите на кои им стојат врз глава. Се’ е џабе кога се работи за толкав и така ачик сторен криминал, а копуциве, очебијно, немале усул кога краделе. Ко улави и ко да не виделе е најдобриот приказ. А, од правдата бегање нема, можеби е спора, ама ве стига. Тик-так, тик-так…
Така, сега еден ќе пушта удбашки приказни, друг ќе дестабилизира, ама браќата по криминал од СДС и ДУИ фатени со рачињата во медот нема уште долго да дефокусираат со ваквите боиливудски политикантски пародии. Џабе ви е се, рејтингот само ќе паѓа, а вие ќе свирите клавир, цела филхармонија ќе направите. Не национална, ниту македонска. Сдс-дуиевска…
Од друга страна, јако ве онаквува и контрастот што ачик удира во очи, ама јако. Траска, боде. Контрастот на вашето „работење“ и она што народот го гледа од сегашната влада. Црно и бело, ама „скроз“. Можело, кога се сака, а? Констатација, дадена по само четири месеци. Што ли ќе биде по четири години?
Да, ќе мора да извадите уште многу од вашите кодошко-свиркачки повраќаници за да им парирате на политичките опоненти кои сакаат да работат, си ја љубат и почитуваат државата и народот и се орни да направат нешто за нив, со душа и срце. Нема да ви биде лесно , ќе мора катадневно да смишљате нови и нови удбашки глупоштии. Ако, разгибајте се малку, од дома, од ќелија ли, не е битно…
Како да се извадите од калта? Едноставно. Само следете ја филозофијата на најстарата животна лекција:
„Татооо! Како да се симнам од дрвово?“ –„Лесно. Исто како што си се качил…“