Свет Курск

Евакуирани се 133.000 Руси, Путин свика состанок

„Ве собрав да разговараме за ситуацијата што моментално се развива во пограничните региони на Русија“, рече Путин на отворањето на состанокот.

Евакуирани се 133.000 Руси, Путин свика состанок

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржува состанок со високи руски претставници за украинската инвазија врз Курск.

„Ве собрав да разговараме за ситуацијата што моментално се развива во пограничните региони на Русија“, рече Путин на отворањето на состанокот.

Иако Москва досега се обидуваше да го намали значењето на ненадејниот украински упад на 6 август, евакуирани се 133.190 луѓе од „опасната“ погранична област, рече вршителот на должноста регионален гувернер.

Првиот вицепремиер Денис Мантуров додаде дека Владата ја проценува штетата врз земјоделството и индустријата во регионот бидејќи, како што рече, украинската офанзива врз Курск не покажува знаци на забавување.  (МИА)

To top