Претстојната сезона во Лигата на шампионите ќе донесе имплементација на новиот формат во кој сите учесници ќе бидат дел од една група и ќе се по таканаречениот „швајцарски систем“, промена која досега донесе многу коментари, а се чини допрва ќе покаже дали е вистински или изнуден потег на УЕФА.
Навивачите се скептични по ова прашање, а од вчера и незадоволни, откако на дел од плејоф натпреварите била пуштена подновената химна на елитното натпреварување.
Химната на Лигата на шампионите има култен статус не само кај фановите, туку и кај самите фудбалери, а УЕФА решила малку да ја поднови со забрзување на темпото и додавање ефекти, нешто што донесе многу негативни коментари на социјалните мрежи и голема дебата меѓу фановите.
Најважниот дел, стиховите испеани на три јазици остануваат исти како основа на химната, но фановите сметаат дека непотребно се менува нешто што е „свето“ во фудбалот.