Македонија УХМР

Претпладне сончево време, попладне дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена.

Претпладне сончево време, попладне дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од УХМР најавуваат дека утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер.

Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top