На 19.08.2024 во 23.30 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода лицето Ф.С.(42) од Штип затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што употребил и остар предмет и му нанел повреда.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.