Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изворите во ноември ќе разгледа потенцијална позиција за извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск во неговиот кабинет.
Тој е многу паметен човек. Јас секако би, ако тој го сака тоа. Тој е брилијантен човек, истакна Трамп.
Тој посочи и дека е подготвен да укине даночниот кредит од 7.500 долари за Американците кои купуваат електрично возило.
Администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден, исто така, се обиде да го зголеми производството и купувањето на електрични автомобили како дел од нејзините напори за справување со климатските промени.