Скопје Град Скопје

Арсовска во улога на жртва: Единствена обврска која ја исполнува како градоначалник на Скопје е земање на плата

На ниту едно новинарско прашање за конкретни теми и проблеми, Арсовска не понуди решение.

Арсовска во улога на жртва: Единствена обврска која ја исполнува како градоначалник на Скопје е земање на плата

„Ме напаѓате и ми викате“. Вака градоначалничката Данела Арсовска им се обрати на новинарите кои денес од неа побараа одговор за проблемите на скопјани.

Во улога на жртва, со тврдење дека сите се виновни, освен неа, не понуди директно решение за ниту еден проблем.

По констатација на новинар дека граѓаните не ги интересираат партиските препукувања, туку решавање на бројните проблеми како насобраното ѓубре, очајната состојба со градскиот превоз, нереализираните инфраструктурни проекти… Арсовска рече дека не зависело од неа решавањето на проблемите.

– Сите наши решенија повеќепати претходно се доставени до Советот и советниците, некои и над 20 пати, односно над 20 месеци, испратени се материјали од повеќе стотици страници на увид, и сите тие решенија се блокирани. Советниците блокираат планови за работа без кои претпријатијата не можат и не смеат да работат, рече таа.

На ниту едно новинарско прашање за конкретни теми и проблеми, Арсовска не понуди решение.

Затоа следуваше коментар од новинар дека таа зема плата како градоначалник и дека има обврска да работи за решавање на проблемите на скопјани.  И прашање: Како сите се виновни освен таа?

Прашањето го оцени како „неумесно“.

Градоначалничката Арсовска секој месец зема плата од џебот на скопјани. Нејзина работа е да ги решава нивните проблеми, да ги исполнува ветувањата кои им ги даде и кои беа дел од нејзината програма.

Таа на оваа функција е речиси три години.

 

 

 

To top