Фудбал

Премиер лигата почна онлајн да ги објаснува постапките на судиите

Ова се случи за време на натпреварот од 1. коло на англискиот шампионат помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам.

Премиер лигата почна онлајн да ги објаснува постапките на судиите

За првпат во историјата на англиската фудбалска Премиер лигата, вчеравечер на специјално креиран профил на една од социјалните мрежи, Британците во реално време почнаа да ги објаснуваат судиските одлуки. Ова се случи за време на натпреварот од 1. коло на англискиот шампионат помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам.

Бидејќи објавувањето на разговорите меѓу судијата и ВАР е забрането на интернет, Премиер лигата и шефовите на судиите се обидуваат да најдат излез од ситуацијата користејќи нова алатка, така што информациите од ВАР центарот веднаш се добиваат директно во текот на играта.

Вчера стручњаците двапати објаснија како работел судијата и ВАР во спорни моменти од првото полувреме.

– 13. минута ВАР провери евентуален пенал во моментот поврзан со дејствата на Ивоби и Робинсон против Дијало. Тој ја потврди одлуката на судијата да не досуди пенал, откривајќи дека нема значаен контакт.
40. минута. Судијата го предупреди Мегваер за симулација. ВАР ја провери ситуацијата за пенал и ја потврди судиската одлука да досуди слободен удар во корист на Фулам, стои во објаснувањата за судиските одлуки.

Натпреварот го доби Манчестер јунајтед со 1:0.

To top