Општина Кисела Вода денеска спроведува голема акција за расчитување на булеварот „Борис Трајковски“ со сезонските работници.
-На ова му претходи фактот што до нас секојдневно стигнуваа и сѐ уште пристигнуваат поплаки од граѓаните кои секојдневно го поминуваат овој дел од градот, се жалат на хигиената и одржувањето на булеварот. Огромни нараснати тревни површини, смет и песок, беше она кое го затекнавме на терен и е постојана грда глетка. Покрај тоа, претставуваше и опасност по безбедноста на овој прометен булевар. Ние не можевме да останеме глуви на барањата на граѓаните и се впуштивме во акција. Ваквите и слични акции ќе продолжат и во иднина, а силно верувам дека понатаму со поголема поддршка од надлежните претпријатија, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат поодговорни и да не фрлаат отпадоци долж велосипедската патека.
Делницата која се расчистува ја користат над 100.000 жители, односно не само граѓаните на Драчево туку и од Студеничани, Батинци, Зелениково и Долно Лисиче.