Капитенот на англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ќе го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ до 2027 година, со опција за продолжување на соработката една сезона подоцна.
Актуелниот договор на Бруно со Јунајтед е до 2026 година, па клубот од Олд Трафорд навреме реагираше и му обезбеди подолг престој на најдобриот играч.
Португалецот пристигна во Манчестер на крајот на јануари 2020 година од Спортинг за 65.000.000 евра. Во меѓувреме, за „ѓаволите“ одигра 234 натпревари, со 79 гола и 67 асистенции.