Живот и Стил Статистика

Често е во Македонија, а се изговара исто на сите јазици: Ова е најпопуларното име за девојчиња во светот

Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на името делумно е во тоа што се изговара исто на различни јазици.

Често е во Македонија, а се изговара исто на сите јазици: Ова е најпопуларното име за девојчиња во светот

Најчестото име за девојчиња во светот е популарно и во Македонија.

Моментално најпопуларното име во светот за девојчиња е Софија, лесно се изговара на многу јазици, а значи мудрост.

До ваков заклучок дошла американската експертка за име Лаура Ватенберг која наведува дека Мексико, Италија, Русија и Америка се меѓу земјите со најмногу девојчиња со име Софија.

„Неверојатно е што на толку многу различни јазици и во толку многу различни култури, едно име звучи исто. Тоа секако кажува нешто за начинот на кој културата се пренесува денес“, вели Ватенберг.

Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите во кои родителите најчесто ги именуваат своите девојчиња Софија. Тоа е меѓу трите најпопуларни имиња во дури 20 земји.

Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на името делумно е во тоа што се изговара исто на различни јазици.

To top