Останати спортови

Ватерполистите на САД го освоија бронзениот медал на Олимписките Игри во Париз

Ватерполистите на САД го освоија бронзениот медал на Олимписките Игри во Париз

Машката ватерполо репрезентација на САД го освои бронзениот медал на Олимписките Игри во Париз, откако денеска ја совлада Унгарија со вкупни 11:8. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник – 8:8.

Бен Халок беше најефикасен во селекцијата на САД со два гола. Во унгарската репрезентација најдобри играчи беа Ѓерѓо Заланки и Денес Варга кои по два пати се запишаа во листата на стрелци.

To top