Ракомет

Шпанија преку Словенија до олимписка бронза во Париз

Шпанија преку Словенија до олимписка бронза во Париз

Шпанците ја победија Словенија со 23-22 и го освоија бронзениот медал на ОИ. Во текот на мечот и двете репрезентациии постојано се менуваа во водство, а првото полувреме заврши нерешено 12-12.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, беше идентично како и во првото полувреме. Шпанија го даде последниот гол кој им донесе предност од 23-22, Словенија имаше уште 20 секунди за да израмни и да го однесе мечот во продолженија, но не успеа, па Шпанците се радуваа на бронза.

Најефикасен во шпанската репрезентација беше Гомез со пет голови, Касадо постигна четири, кај Словенците, Доленец реализираше шестпати, Јанц даде пет гола.

To top