Останати спортови

Хрватите ја совладаа Унгарија и закажаа финале на ОИ со Србија

Хрватите ја совладаа Унгарија и закажаа финале на ОИ со Србија

Ватерполистите на Хрватска се пласираа во финалето на Олимписките игри, откако во полуфиналето ги совладаа Унгарците 9-8.

Клучна четвртина на натпреварот беше втората, во која Хрватска успеа да се одлепи на два гола разлика и до крајот искусно да го сочува тоа водство.

Првиот квартал заврши со 3-3, третиот со 2-2, додека во последниот Унгарија беше поуспешна со 1-0. Финалето на Олимписките игри во ватерполо е закажано за в недела во 14:00 часот.

To top