Денеска (09.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс.
На средбата беше потврдена одличната соработка и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.
Министерот Тошковски и Н.Е. Варнс го потенцираа значењето на целокупната поддршка што Соединетите Американски Држави му ја даваат на Министерството за внатрешни работи и на државата во сите домени, а особено во евроинтегративниот процес и беше изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување, особено во делот на безбедноста и соработката против криминалот.