Локалната полиција во Батлер, во Пенсилванија, објави снимки од камера на полицаец кој прв го забележал Томас Метју Крукс, напаѓачот кој се обиде да го убие Доналд Трамп.
Како што може да се види од материјалот кој полицијата во Батлер го сподели со американските медиуми, неименуван полицаец во придружба на колега дошле до покривот на зградата каде се наоѓал Крукс, а кога го здогледал, набрзина се спуштил, стравувајќи дека ќе пука во него.
New police body camera footage just came out!
Showing a police officer running away from the gunman describing that he saw an A.R. 15 yet throughout all of this authorities still kept Trump on stage pic.twitter.com/08puqfCdOu
— Luke Rudkowski (@Lukewearechange) August 8, 2024
Веднаш тргнал кон својот автомобил во кој се наоѓало неговото оружје, но 40-тина секунди по средбата со атентаторот, Крукс истрелал осум куршуми кон Трамп. Притоа погодил неколку лица, вклучувајќи го и поранешниот претседател на САД и убил еден маж.
„Беше многу блиску. Се сврте кон мене“, рече полицаецот на колегите по смирување на ситуацијата.
Набрзо потоа Крукс беше ликвидиран.