Кошаркарската репрезентација на Србија е поразена во полуфиналето на Олимписките игри во Париз од Америка со 95:91 и ќе игра за бронза во дуелот против Германија.
Србија покажа заби, одигра одличен натпревар и имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, за на крајот да падне и да им го препушти славјето на Американците.
Публиката сакаше да го види и дуелот меѓу Јокиќ и Ембид, двајца МВП играчи, во кој на крајот победи родениот Камерунец кој игра за САД, а на една снимка се гледа еден многу нефер потег на овој кошаркар.
Ембид на срамен начин ја прослави победата, а можете да видите на видеото во продолжение.
Joel Embiid with the celebration crotch chops 😭
(via @dmorey)pic.twitter.com/N7teDkRvR4
— Dime (@DimeUPROXX) August 8, 2024