Канадската влада соопшти дека одлучила да ги повлече децата на своите дипломати од Израел поради стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи, се нагласува дека одделот одобрил трансфер на децата на дипломатите и нивните старатели во безбедна трета земја.
Во саботата, Канада ги предупреди своите граѓани да избегнуваат патување во Израел, наведувајќи го тековниот регионален конфликт и непредвидливоста на ситуацијата. Канада, исто така, ги повика своите граѓани да не патуваат во Појасот Газа и Западниот Брег.
Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на палестинското исламистичко движење Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври лани.