Свет

Хезболах го нападна Израел со ракети и беспилотни летала

Хезболах започна серија напади со ракети и беспилотни летала врз северен Израел и предупреди дека допрва треба да дојде долгоочекуваната одмазда за убиството на неговиот висок командант минатата недела.

Хезболах соопшти дека лансирал рој беспилотни летала на две воени локации во близина на Акре во северен Израел и нападнал израелско воено возило на друга локација.

Израелската армија соопшти дека се идентификувани неколку непријателски беспилотни летала кои дошле од правец на Либан и дека еден бил пресретнат.

Израелските медицински претставници соопштија дека седум лица се пренесени во болница јужно од крајбрежниот град Нахарија, од кои едното е во критична состојба.

Се зголемуваат стравувањата дека би можела да избие сеопфатна војна на Блискиот Исток откако Хезболах вети дека ќе се одмазди за убиството на командантот Фуад Шукр, а Иран ќе одговори на минатонеделното убиство на Исмаил Ханије, лидерот на Хамас.

Извор од Хезболах изјави дека „одговорот за убиството на командантот Фуад Шукр се уште не е пристигнат“, пренесоа британските медиуми.

Израел минатата недела го уби Шукр, главниот воен командант на Хезболах, во напад врз упориштето на групата во јужните предградија на либанската престолнина.

Лидерот на Хезболах Саид, Хасан Насрала вети одмазда, но рече дека одговорот ќе биде „проучен“.

Најнови вести од Свет

To top