Женската ракометна селекција на Франција одигра одличен четвртфинален натпревар на Олимписките игри и славеше со 26-23 над Германија, со што го потврди пласманот меѓу четирите најдобри на ракометниот турнир.
Најефикасна во победничкиот табор беше Тамара Хорасек со седум гола, додека кај Германија ист учинок имаше капитенката Емили Болк.
Франција во битката за пласман во финалето ќе ја чека подобрата селекција од дуелот помеѓу Унгарија и Шведска.