Кошарка

Германија обезбеди полуфинале на кошаркарскиот турнир на ОИ

Германија обезбеди полуфинале на кошаркарскиот турнир на ОИ

Кошаркарската репрезентација на Германија со 76-63 ја победи Грција и се пласираше во полуфиналето на Олимписките Игри.

Грција имаше одлично отворање на натпреварот, посебно добро функционираше одбраната, првата четвртина Грците ја добија со 21-11.

Германците ја стегнаа одбраната, Грција не постигна над 20 поени во ниту една од преостанатите три четвртини. Конечниот резултат беше 76-63 за Германија.

Вагнер со 18 поени беше најефикасен во составот на Германија, Шрудер реализираше 13. Најдобар во составот на Грција беше Адетокумбо со 22 поени.

Германија во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Франција и Канада.

To top