Регион

Јули годинава најтопол во Грција во изминатите 64 години

Јули годинава најтопол во Грција во изминатите 64 години

Јули годинава бил рекордно најтоплиот месец во Грција  во периодот од 1960 до 2024 година, согласно прелиминарните метеоролошки податоци анализирани од научниот тим на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците, минатиот месец во Грција се карактеризираше со долги периоди со високи температури што траеа многу денови, надминувајќи ги нормалните температури за конкретниот период од годината во целата земја.

Просечната температура во јули била за 2,9 степени Целзиусови повисока од просечната вредност во периодот 1991-2020 година и за 0,3 степени повисока од претходниот најтопол јули од 2012 година.

To top