Ракомет

Данска ја совлада Холандија и влезе во борба за медал на ОИ

Данска ја совлада Холандија и влезе во борба за медал на ОИ

Ракометарките на Данска се првиот полуфиналист на Олимписките Игри на женскиот ракометен турнир, откако ја совладаа Холандија со 29-25 полувреме 11-10.

Холанѓанките имаа предност во првиот дел, но потоа Данска направи пресврт и дојде до заслужен триумф.

Најпрецизни на натпреварот беа Хушер и Ван Ветеринг од Холандија со по седум гола, додека по шест кај Данска дадоа Хансен и Фрис. Блесна меѓу стативите и данската голманка Рајнхардт со 18 интервенции.

To top